Џафери не прифаќа гласање со стари документи: Има уште 50 дена, граѓаните имаат време да се сликаат

Од:

Статистиките кои ги побарал техничкиот премиер Талат Џафери говорат дека за еден месец, односно во февруари имало 123.983 барања за пасоши, од кои изготвени се над 95 илјади. Лични карти побарале 82.235 граѓани, а изготвени се на 71.410 граѓани.

„Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите, со оваа динамика, стоте илјади кои се вртат како информации дека немаат документ, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветен документ. Но, иницијално е граѓанинот да иницира барање за да има документ. За да имате документ, треба вие да побарате. Сега дојдовме во ситуација граѓани да немаат лични документи. Не сакам да зборам хипотетички што и како ќе правам, туку откако ќе направам, ќе бидете информирани сите, меѓутоа основно е институцијата да си ја врши работата, а не да се правда. Имам право да одам во секоја канцеларија под владата, тоа право ми следува по хиерархија“, кажа Џафери.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Во недела ќе гласаат 1.013.375 граѓани, за гласање пријавени се и 4.826 болни лица

Горан Наумовски

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски