Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Од:

Собранискиот спикер, Талат Џафери, нема примено иницијатива за одржување на референдум, за која Левица кажа дека ја доставиле. Ова го соопштија од Кабинетот на спикерот, три дена откако Димитар Апасиев, лидер на партијата, кажа дека ја поднеле граѓанската иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?“.

„До овој момент претседателот Џафери ја нема примено Иницијативата за одржување референдум од политичката партија Левица. Во моментот кога официјално ќе ја прими Иницијативата ќе Ви испратиме соопштение во кое ќе биде содржан и одговорот на претседателот кон подносителот на иницијативата“, велат од Собранието.

Апасиев, образложувајќи ја иницијативата рече дека таа се однесува на промена на заклучоците каде се спорни две точки. Тој додаде дека не очекуваат опструкции и заклучи: „Доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието“

– Тоа се точка 1 и точка 3Г, каде што се вметнати „францускиот“ предлог и преговарачката рамка. Тоа практично би значело дека од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка без бугарските хегемонистички барања кои се инкорпорирани внатре. Тоа значи дека референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ. Демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ“, рече Апасиев која ја поднесе иницијативата до ДИК.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата