Џафери не гласал, го немало на Избирачкиот список

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не гласал на референдумот затоа што го немало на Избирачкиот список.

„Точно е дека ме немаше на Избирачкиот список, се надевам дека е изолиран случај и дека немало слични ситуации“, рече Џафери.

Тој рече дека Собранието е легитимно и легално од изборите од 2016 година. „Собранието ќе продолжи да се обидува да има консензус по прашањето за Договорот со Грција бидејќи е национално прашање“, рече Џафери.

Тој истакна дека граѓаните докажале дека се на ниво на културата на демократките земји и дека денот поминал без пријави за сериозни неправилности. „Гласот на сувереност одлучува за иднината на оваа земја. Ова е основа за идните процеси на иституциите на системот“, рече претседателот на Собранието.

За малиот одѕив на референдумот, Џафери рече дека ангажманот на Владата не е одговорен за излезноста на референдумот. „Битно е што обезбедивме можност граѓаните да изразат волја во гласачките кутии. Резултатите ќе се ценат кога ќе бидат конечни“, додаде Џафери.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска