Џафери на средба со медицинскиот тим кои заминува во АЛТЕА, во БиХ

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во оствари средба со припадниците на медицинскиот тим кои ќе заминат како 16-та ротација на АРМ во рамки на операцијата ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

На средбата, на која присуствуваше и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, министерот Џафери истакна дека придонесот на нашата земја во меѓународните мировни мисии е реален и видлив и оти преку тоа се зацврстува мирот, демократијата и почитувањето на човековите права, кои се основни придобивки на 21-от век.

– Ви посакувам успешно да ги завршите сите ваши обврски и одговорности, да ја претставите Република Македонија и Армијата на Република Македонија во вистинско светло и да се вратите живи и здрави кај вашите семејства, побогати за едно големо искуство кое ќе го пренесете на вашите колеги во Република Македонија, рече министерот Џафери.

Тој упати порака дека очекува кон одговорностите да пристапат со елан и професионалност.

Генералот Котески нагласувајќи дека во мисија секој припадник на контингентот е претставник на АРМ, посочи дека меѓусебното помагање и поддршка е клучно во професионалното извршување на задачите.

Фактот дека шеснаесеттата ротација на АРМ во оваа операција е предводена од припадничка на понежниот пол, уште еднаш покажува дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија голем акцент ставаат на родовата рамноправност и на родовата перспектива како основа за севкупен развој на безбедносниот сектор.

Република Македонија учествува во операцијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина од 2006 година, со што се потврди и заложбата на нашата земја во достигнување на стратегиската цел – членство во ЕУ и придонес кон заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Република Македонија од почетокот на учеството во рамки на АЛТЕА, придонесува со медицински тим на ниво РОЛЕ-1, каде во тек е петнаесеттата ротација и со помошник правен советник во Командата на ЕУФОР, позиција која е активна од 2007 година. Воедно, Република Македонија од 2006 до 2008 година учествуваше и со хеликоптерски деташман, додека во периодот од 2008 до 2012 година и со подофицер за превентивна медицина во Командата на операцијата.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната