Џафери-Мета: Односите помеѓу Македонија и Албанија да продолжат да се продлабочуваат и зајакнуваат

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Посакувајќи му добредојде, Џафери го изрази своето задоволство што во континуитет се зајакнуваат и продлабочуваат заемните меѓудржавни односи и што се споделуват заеднички вредности и интереси со Република Албанија во рамките на евроатланските интеграции.

Претседателот на Собранието истакна дека ќе го даде својот придонес во зајакнувањето и интензивирањето на односите меѓу двете пријателски земји на сите полиња, а особено во рамките на зајакнување на парламентарната соработка на сите нивоа.

Што се однесува до интеграцијата на Република Македонија во евроатланската алијанса, Џафери се заблагодари за континуираната поддршка од страна на Република Албанија во однос на ова прашање.

Претседателот на Собранието, исто така, ја потенцираше силната определба на новата македонска влада во однос на реформските процеси неопходни за евроинтеграција на земјата и ја нагласи подготвеноста на Собранието на Република Македонија да заземе централно место во реализацијата на истите.

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, изразувајќи го своето задоволството од средбата со претседателот на Македонското собрание, истакна дека го радува фактот што за прв пат претставник од албанската заедница во Република Македонија е претседател на Собранието и извршувањето на оваа висока и важна функција ќе биде само поттик кон зајакнување на меѓуетничките односи и соживотот во Република Македонија.

Мета, исто така, ја нагласи потребата во наредниот период и двете страни тесно да соработуваат во областа на евроинтеграциите, бидејќи законодавниот дом има клучна улога на патот за влез во европското семејство.

Тој, исто така, ја поздрави идната заедничка владина седница меѓу двете земји која ќе биде со конкретни точки и прашања од заеднички интерес и ја искажа потребата од деблокирање на Република Македонија за влез во НАТО и ЕУ.

На крајот и двајцата соговорници го изразија своето задоволство од досегашното ниво на соработка меѓу двете земји и ја истакнаа својата определба да придонесат овие односи да се продлабочуваат и зајакнуваат и во иднина.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови

ВИДЕО: Пред мечот Албанија-Србија во Тирана повторно сцени со кинење знамиња

Предраг Петровиќ