(ВИДЕО) Џафери: Ме радува што Иванов го додели мандатот на Заев

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека го радува тоа што претседателот Иванов го додели мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој кажа дека Иванов додека е надвор од државата има време да размисли со ладна глава за одлуките кои ги донесуваше до сега, со што го попречуваше формирањето на нова влада.

На прашањето, кога ќе биде закажана седницата за состав на Влада, Џафери изјави дека тоа не зависи од него туку од мандатарот кој има рок од 20 дена да ја состави новата Влада.

Инаку Џафери денеска беше во Јавното обвинителство каде што даваше исказ за случувањата на крвавиот четврток во Собраинето.

Во поглед на исказот, Џафери изјави дека неговото сведочење ќе помогне во истрагата да се пронајдат сторителите и организаторите на немилиот настан, како и за тоа кој ги отвори вратите на Собранието и кој ја пушти толпата внатре.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски