Џафери-Лоазо: Франција е со Северна Македонија на патот кон Европската унија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери се сретна со Натали Лоазо, министер за Европски прашања при Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Франција.
Дел од Делегацијата беа и Марта де Сидрак, претседател на групата Франција-Западен Балкан во Сенатот и Бертран Сор, пратеник од Националното Собрание, претседател на групата за пријателство Франција-Северна Македонија. На средбата беше присутен и пратеникот Панче Иванов, претседател на Пратеничката група за соработка на Собранието на Северна Македонија со Парламентот на Француската Република.

На средбата, Претседателот Џафери изрази задоволство што билатералните односи меѓу двете држави ги карактеризира стабилен и отворен дијалог, се заблагодари и на поддршката што Франција ја дава за процесот на нашите евроинтеграции и нагласи дека имајќи ја предвид влијателната улога на Франција и во НАТО и во Европската унија, нашите залагања се во правец на интензивирање на билатералната соработка на сите нивоа. Тој ги запозна гостите и со актуелните случувања на политичката сцена како и со законите од реформската агенда кои Собранието треба да ги усвои во наредниот период.

Министерката Лоазо во името на Франција упати честитки за постигнувањето на Договорот од Преспа, нагласувајќи ја притоа важната улога на Собранието на Северна Македонија во процесот на завршување на спорот со Грција. Таа истакна дека Франција ќе биде со нас на нашиот пат кон Европската унија се до постигнување на успех, а поддршка во име на Сенатот и во име на Националното Собрание изразија и сенаторката де Сидрак и пратеникот Сор.

На средбата беше изразена благодарност и до амбасадорот, Тимоние и Амбасадата на Франција, што во континуитет работи на зацврстување на односите меѓу двете држави.

 

Би можело да ве интересира

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Захарова жестоко до Париз: „Баро е лажго“ – ја отфрли тезата дека Русија е слаба