Џафери ќе ја закаже следната седница на 5 септември: Две недели СДСМ да најде осум пратеници или ВМРО-ДПМНЕ да се предомисли

Од:

По одржувањето на седницата за утврдување на потребата за носење на уставните измени за што заврши само општата расправа, во Собранието според информациите објавени на собранискиот сајт, не се закажани седници на работните тела или пленарни седници.

Денеска се одржаа само две прес-конференции и тоа на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина работата на седницата за уставни измени откако се исцрпи дискусијата, но не го стави предлогот на гласање како што претходно му побара координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, да ја стави точката на гласање за да се види колку пратеници има власта за отворање на Уставот.

– Констатирам дека претресот е завршен. Ја прекинувам работата со оваа седница, а за продолжувањето ќе бидете дополнително известени – рече претседателот Џафери во петокот прекинувајќи ја 120-та седница.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман.

На координацијата што се одржала на 17 август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5 септември.
Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18 август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден.

„А1он“ претходно објави дека Собранието дека Џафери нема да закаже продолжување на седницата се додека владејачкото мнозинство не биде сигурно дека има 80 пратеници потребни за гласање за отворање на Уставот. Според опозицијата, Џафери тоа го прави толкувајќи ги општите членови на Деловникот, а не посебното поглавје од Деловникот за работа кое се однесува само работа поврзана со Уставот.

На тој начин процедурата може да трае со месеци, теоретски дури и до крајот на мандатот на овие пратеници, но со огромен ризик ако не се донесат дотогаш измените, целата процедура за менување на Уставот да се поништи со самото распуштање на Собранието.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници, односно со 80 гласа. Доколку не е присутно потребното мнозинство, постапката не може да продолжи.

Уставните измени со вметнување на Бугарите во Преамбулата се услов да ја почнеме втората фаза од преговорите со Европската унија, а произлегоа од францускиот предлог за кревање на бугарското вето во кој билатерниот протокол со Бугарија беше вметнат во преговарачката рамка.

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани