Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери остро реагира кон градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Билал Касами, кој одржа прес-конференција за медиумите во зградата на Собранието.

Според Џафери, Касами го злоупотребил Собранието со тоа што ги прекршил воспоставените собраниски процедури за одржување на конференции за печат во зградата на законодавниот дом, за лична политичка промоција.

– Имено, во Собранието е предвидена посебна процедура за начинот на одржување на конференции за печат за тоа каде и кој се може да го користи тоа право. Согласно тоа, Прес-центарот во законодавниот дом е наменет исклучиво само за пратениците од тековниот мандат, па така, нејасно е денеска Касами во кое својство присуствуваше и говореше на ненајавената прес-конференција во Собранието. Како поранешен пратеник, Касами би требало да е упатен во процедурите на законодавниот дом и да знае дека, Собранието не е место на кое тој може да се обраќа било како градоначалник или како претседател на партија.

Освен тоа, во прекршувањето на собраниските правила и норми на Касами му се приклучија и го поддржаа уште неколку други пратеници, кои во спротивност со воспоставените правила, му овозможија да се обрати од прес-центарот во Собранието, од местото предвидено исклучиво за изјави на народните избраници – истакнаа од Кабинетот на Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата