Џафери ја закажа седницата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери по долго размислување и толкување на вчерашната одлука на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања одлучи во 21 часот да ја закаже седницата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Комисијата вчера со резулатат од гласањето 4 спрема 4, не донесе став за одземање на имунитетот на Вељаноски, откако пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири, не се појави на седницата поради влошување на неговата здравствена состојба.

Трајко Вељаноски заедно со ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се осомничени за организизирање на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Јавното обвинителство минатата недела побара притвор за тројцата осомничени за случајот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик