Џафери: Економски напредок не може да биде постигнат без човечкиот труд

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во која наведува дека вредноста на работниците е уште поскапоцена во овие денови на предизвици и неизвесност предизвикани од коронавирусот.

– Први мај ја одбележува борбата за права на работниците и го одржува споменот на жртвите од чикашкиот штрајк поради кој овој датум се одбележува традиционалнo со демонстрации. Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители, вели Џафери во честитката.

Ниту еден економски напредок, додава Џафери, не може да биде постигнат без најважниот фактор, а тоа е човечкиот труд и потенцијал.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

СДСМ: Стоиме рамо до рамо со работниците

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он