Џафери-Џонсон: Членството во НАТО ја гарантира безбедноста на Македонија, а тоа поттикнува раст на економијата

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, денеска го прими Рон Џонсон, сенатор на Соединетите Американски Држави.

Високиот гостин истакна дека е дојден во Република Македонија да ја пренесе и да ја потврди поддршката што Соединетите Американски Држави ја даваат на нашата држава за надминување на последната пречка кон полноправното членство во НАТО, подвлекувајќи дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на Република Македонија, а со тоа се поттикнува растот на економијата, што всушност е и примарната цел. Тој, исто така, се заблагодари за досегашниот придонес на нашата земја во НАТО мисиите и за определбата за трошење на 2% од БДП за одбраната.

Џафери рече дека посетата на Џонсон е континуитет на поддршката од САД, и ја искористи пригодата да му се заблагодари за триесетгодишната помош и поддршка што САД ѝ ја даваат на Република Македонија. Претседателот, исто така, изрази благодарност и за позитивниот ангажман на Амбасадата на САД во Република Македонија и на нивниот персонал на чело со Н.Е. Џес Бејли, во минатото и сега.

Претседателот на Собранието зборуваше за активностите што Собранието на Република Македонија ги има во врска со кампањата за референдумот и за начинот на нејзината реализација. Тој го информира гостинот дека Собранието на Република Македонија има потполн легитимитет, како претставничко тело на граѓаните, имајќи ги предвид интересите на државата, да го води и заокружи процесот по референдумот, сè до зачленување во НАТО.

Џафери понатаму го увери високиот гостин дека Република Македонија е потполно свесна за тоа кои и се стратегиските партнери и стратешката цел на земјата, особено затоа што поддршката на граѓаните за членство во НАТО и ЕУ никогаш не билa под 70%, а најчесто и многу повеќе.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра