Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери демантира дека примил било што како документација на УСБ стик или во допис со измените на Кривичниот законик од експремиерот Никола Груевски за што обвини лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери добил УСБ и документи со измени на Кривичниот законик, но од предлагачот на законските измени, односно Владата.

– Прво и основно одговорив дека нема вистина во тоа дека претседателот на Собранието од експремиерот примил било каков допис или било каков материјал. Тоа е за дневна политика. Собранието добива материјали од овластени предлагачи во форма пропишана во Деловникот. Понатаму не би сакал да користам неоодветни зборови иако заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираат со јавноста – рече тој.

Во однос на состојбата на Косово, Џафери истакна дека засега нема индиции дека кризата оттаму ќе се одрази во Македонија.

– Прво сочувство до тие што го загубија животот, најмногу до семејството на полицаецот кој загина во престрелката и до институциите. По ова прашање, Македонија одблизу ги следи сите состојби, имајќи предвид дека како членка на НАТО ние сме инволвирани таму преку КФОР. Нашите институции немаат такви индиции дека ситуацијата може да се одрази и кај нас, но тие следат постојано што се случува и ќе реагираат соодветно ако има потреба – коментира собранискиот спикер.

Би можело да ве интересира

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Џафери ќе му ја предаде функцијата, Мицкоски го почнува мандатот

Талат Џафери стави потпис-си дозволи да се вози во службено возило уште една година

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери