Џафери до претседателите на албанските опозициски партии ја испратил листата на кандидати за член на ДИК

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера до претседателите на опозициските албански партии Изет Меџити, Африм Гаши, Биљал Касами, Арјанит Хоџа и Скендер Реџепи-Зејд го испратил Извештајот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со утврдената листа на кандидати за член на Државната изборна комисија (ДИК).

Во писмото испратено од Џафери до лидерите на албанските опозициски партии се вели дека најдоцна до 18 декември 2023 година до 16:30 часот треба писмено да му достават предлог за член на ДИК од доставената листа.

-Во прилог Ви го доставувам Извештајот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија. Истовремено Ве известувам дека согласно членот 29 став 1 од Изборниот законик во рок од три дена од денот на приемот на ова известување, најдоцна до 18 декември 2023 година до 16:30 часот, потребно е писмено да ми доставите предлог за член на Државната изборна комисија од Листата доставена во прилог на Извештајот, се вели во писмото на Џафери.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди листа со пет кандидати од кои треба да се избере член на ДИК и тоа – Беат Даути, дипломиран правник, Абдуш Демири, економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили.

По утврдувањето на кандидатот, а него треба да се гласа на седница на Собранието.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања