Џафери: Денот на избори да биде празник за граѓаните, кога тие ќе знаат дека се слободни да го направат нивниот избор

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Таљат Џафери посака овие избори да поминат мирно како и предизборната кампања, а денешниот ден да биде празничен.

– Исто како што помина предзобрната кампања, посакувам и денешниот ден да помине во мирна атмосфера, како што е досега. И овој ден како и секогаш кога се избори да биде празничен за граѓаните на Република Македонија. Тоа да биде ден кога тие ќе знаат дека се слободни да го напарават нивниот избор и да ја изберат најдобрата понуда според нив и тоа да стане пракса во нашата земја и за понатаму за да не случуваат работи како порано. Сакам да упатам честитки до сите граѓани, кандидатите за градоначалници и советници. Честито и на оние кои ќе бидат избрани, изјави Џафери непосредно откако гласаше во селото Форино.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори