Џафери – Алтхаузер: Поддршка од Германија за македонските евроинтеграции

Од:

Пред новиот собраниски состав стојат многу важни задачи, а функцијата претседател на Собранието има клучна улога, порача амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер на денешната средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Германија, рече амбасадорката, продолжува со континуираната поддршка на патот на Република Македонија кон евроатлантските интеграции. По одржувањето на германските парламентарни избори, се очекува и интензивирање на контактите меѓу пратениците на двете држави, на ниво на групи за соработка и работни тела.

Џафери се заблагодари за поддршката, ја информираше Алтхаузер за тековните собраниски активности и истакна дека активностите во следниот период ќе бидат фокусирани на подигнување на рејтингот на Собранието како вистински сервис на граѓаните и на отвореноста на институцијата.

На крајот на средбата, амбасадорката истакна дека и по завршувањето на нејзиниот мандат, ќе продолжи со голем интерес да ги следи случувањата во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Германската влада ги повика своите граѓани: „Итно напуштете го Иран“

Маж (25) во Германија повлече девојка (18) под воз што доаѓаше од спротивната насока, двајцата се мртви

Доган: Германија одбива да испрати нови ракети „Патриот“ во Киев

Писториус: Трамп мора да се извини

Горан Наумовски

Во Германија живеат над 160 илјади Македонци

Деветгодишник стави термометар во загреана рерна за да ја убеди мајка си дека е болен

А1он