Двојно зголемена потрошувачката на вода во Делчево

Од:

Потрошувачката на вода во Делчево е двојно зголемена, а како реузлтат на високите температури и сушниот период, во попладневните часови се јавува недостиг на вода во повисоките делови од градот.

Како што истакна директорот на ЈПКД „Брегалница“ Ванчо Цветковски, потрошувачката на вода овие денови порасна на 80 литри во секудна што е двојно повеќе од редовната потрошувачка на вода. Тој информираше дека јавното претпријатие прави напори да се нормализира состојбата со водоснабдувањето во повисоките делови од градот, но сепак, испраќа и апел до граѓаните за рационално користење на водата.

– Овој период се јавува недостиг на вода или има слаб притисок, па жителите од повисоките делови на градот остануваат без вода. Тоа се случува во попладневните и вечерните часови, кога граѓаните ги пуштат чешмите и водата ја користат за наводнување на бавчите и дворовите. Јас апелирам до граѓаните рационално да ја користат водата, да наводнуваат наутро, кога има помала потрошувачка на вода, рече Цветковски.

Тој додаде дека јавното претпријатие планира во функција за водоснабдување на градот да вклучи уште еден бунар.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он