Двојно зголемен бројот на обуки за невработени за напредни ИТ вештини

Од:

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска објавија оглас за обука на невработени лица за напредни ИТ вештини, како дел од Оперативниот план за вработување во 2014 година. Имајќи ги предвид потребите на пазарот на труд бројот на овие обуки и на невработените што ќе ги посетуваат е двојно зголемен.

Ова се програми за напредни комуникациски вештини и информатички технологии од ИТ секторот, кои посебно на младите ќе им овозможат да бидат поконкуретни на пазарот на трудот, инормираше на денешната прес-конеренција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Воведувањето на обуките спроведувани од професионални обучувачи е резултат на следењето на потребата од вештините и умеењата кои денес најмногу се бараат од работодавачите особено во информатичкиот, телекомуникацискиот, банкарскот сектор, како и многу други.

– Токму затоа бројот на обуки е двојно зголемен од минатата година, но и бројот на лица кои треба да се опфатат  во обуките за ИТ вештини во 2014 е двојно зголемен во однос на претходната година и годинава планирано е да се опфатат, 100 невработени лица  од евиденцијата на активни баратели на работа во АВРМ.  За реализација на оваа мерка предвидовме 8.305.800 денари, изјави Спасов.

Ги мотивираме, додаде министерот, евидентираните невработени лица, активни баратели на работа со завршено средно или високо образование, кои се заинтересирани за стекување на напредни вештини од областа на информиатиката да се пријават во работниот клуб во центрите за вработување при АВРМ каде се евидентирани како невработени лица.

Обуките ќе се изведуваат во Скопје и во другите градови во зависност од пројавениот интерес на евидентираните невработени лица за учество во мерката и обезбедените услови за обука, во период од 3 до 6 месеци, и тоа за:  ADOBE официјална обука за графички дизајн (16 лица), AUTODESK официјална обука за 3Д моделирање и пост-продукција (16 лица), JAVA официјална обука за Veb Programmer (20 лица), CISCO официјална обука Cisco Certified Network Associate (Routing and Switching) – CCNA (24 лица), MICROSOFT официјална обука за MCSA Windows Server 2012 (12 лица) и MICROSOT официјална обука за MCSA SQL Server 2012 (12 лица).

Спасов потенираше дека обуките ќе се изведуваат врз основа на понудениот план за реализација на активности од страна на авторизиран обучувачки центар, а лицата кои редовно посетувале обука по нејзиното завршување ќе добијат уверение за посетувана обука и ваучер за завршен испит за стекнување со меѓународен сертификат. Полагањето на завршниот испит за програмските пакети треба да се реализира во рок од три месеци од завршување на обуките.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава за само еден програмски пакет од овој Јавен оглас, најдоцна до 5 септември, во работниот клуб во Центрите за вработување на АВРМ, каде исто така можат да ги добијат сите потребни дополнителни информации. Кандидатите кои ќе поднесат пријава за учество, ќе полагаат квалификациски испит. Изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во обуките ќе се врши исклучиво од листата на најдобро рангирани кандидати од квалификациониот испит.

– Доколку има поголем број кандидати со освоен ист број бодови, предност при изборот ќе имаат кандидатите кои први поднеле пријава за учество. Доколку од лицата кои се избрани за учество во обуките се формира група од минимум 5 лица од ист регион, обуката ќе се спроведува во тој регион. Лицата кои биле вклучени во оваа мерка во претходните години, не може да бидат вклучени во обуката, соопшти министерот.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски посочи дека без разлика на возраста сите невработени лица што ќе се пријават до 5 септември ќе имаат иста можност да го полагаат тој кваликациski испит, кој што е стандардизиран испит на провајдерите, како што е Мајкрософт, Јава, Циско и т.н.

– Мора да го поминат овој испит бидејќи со тоа ќе докажеме дека имаат претходни знаења од ИТ технологијата и ќе можат да учествуваат на овие обуки. Ова се обуки за оние што имаат предзнаења и треба да се дооfормат и да добијат сертификат, изјави Поповски.

Државата ќе финансира од 750 евра, колку што е најевтината обука до најскапата над 2.300 евра.

– Ова е малку поголем пакет. Сите оние што ќе учествуваат и што сакаат да се пријават треба да бидат сериозни во својата намера, да ја завршат обуката, да го положат сертификатот кој што се полага во меѓународни тестинг центри. Се полага од Македонија, но според системите на меѓународните тестатори. Нема можност за помош, некој да интервенира. Се полага под камери во живо. Доколку освојат голeм број бодови веќе влегуваат во нивниот систем како најдобри кандидати и ќе можат да добијат работа директно од нив, изјави Поповски.

Во последно време, според Поpовски, најголем е интересот за веб дизајнирање, за графички дизајн и програмирање, така што очекува за овие програми да има најмногу заинтересирани.

Од воведувањето на оваа мерка во 2010, учествувале 373 лица, а постигнати се 226 вработувања.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он