Двојно намален водостојот на Црна Река кај Новаци

Од:

Двојно е намален водостојот на Црна Река кај Новаци во однос на јануарскиот просек, а намалени се и нивоата на Црни Дрим кај Ложани, на Треска кај Македонски Брод, на Вардар во Скопје кај Зајчев Рид, кај Велес и кај Демир Капија и на Сатеска кај Ботун, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Околу јануарскиот просек, но со благо зголемување, е само водостојот реката Вардар кај Јегуновце.

Кај Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро нема поголеми промени на водостојот во споредба со просекот за јануари.

Би можело да ве интересира

Водостоите растат: Езерата и реките во Македонија бележат значително покачување

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска