Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија се приклучи на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ

Од:

Претставниците Салих Мурат и проф.д-р. Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во Скопје го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на оваа партија кон Европскиот фронт предводен од Ахмети.

Баки истакна дека оваа соработка ќе помогне за повисок развој на заедниците, но и на државата воопшто.

-Овој фронт е од витално значење, за сите сегменти на Северна Македонија да живеат заедно во мир, просперитет и спокојство, што е наша заедничка придобивка, а нашата земја да го постигне членството во Европската унија, рече Баки.

Мурат нагласи дека тие под капата на „Европскиот фронт“ имаат за цел да го имплементираат турското образование во Северна Македонија во основните и средните училишта, локална и централна употреба на турскиот јазик во земјата, заштита на националниот идентитет, зачувување на културното постоење и верската вероисповест, безусловна, пропорционална и правична имплементација кај нашата земја.

Наша заложба ќе биде за да се направат промени во изборниот модел – да се префрлиме на моделот на една изборна единица, да ги елиминираме неправдите во законот за локална администрација, буџетот на нашата држава да биде поделен правично и пропорционално, да обезбедиме еднаков регионален развој, рече Мурат.

Ахмети нагласи дека заеднички ќе се залагаат за еднаквост за сите етнички заедници во земјава.

-Колку и да се мали заедниците во оваа земја, оваа земја сепак е голема и за малите. Една земја со унапредена демократија прво се грижи за малите заедници, затоа што малите заедници се тие кои градат лојалност кон државата. Ако малите заедници кои не се малку во нашата земја, не уживаат права на еднаквост, третман во сите животни сфери, секако и толеранцијата е минорна или не постои воопшто кај овие заедници. Една држава е силна кога сите нејзини граѓани се лојални, но лојалноста зависи и од лојалноста на државата кон помалите заедници. Војната во 2001 година не го подобри не само на Албанците, туку на сите заедници, рече тој.

Ахмети потенцира дека обединувањето околу овој фронт не е привремено, туку е долгорочен, за, како што рече, да ги реализираме и тие нешта што ни останале се уште недовршени.

-Има многу нешта за да ги истакнеме – правичната застапеност, остварувањето во пракса на албанскиот, турскиот и ромскиот јазик. Секако дека има уште многу работи да се прават, но главната цел на целиот на овој фронт е нашата земја да ја зачлениме за кратко време во Европската Унија. Ние ќе се бориме во овој фронт со цел оваа држава да биде „мајка“ за сите, рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ахмети истакна дека ДУИ затоа што е зајакната ги зема во коалиција Турците, Ромите, а не дека е ослабена.

Ахмети ги објави имињата на носителите на листи за пратеници во две избори единици. Носител во Петтата изборна единица ќе биде Зијадин Села, додека пак во Третата Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.

Ахмети најави дека утре во 21 часот во Гостивар ќе ја официјализираат соработката со потпишување договор за коалицирање со Алијансата за Албанците крилото на Зијадин Села.

Досега на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ и се приклучија ДПА, Европската демократска партија, Народното движење, Алијансата за Албанците крилото на Зијадин Села, Унијата на Ромите, Демократската партија на Турците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

Реакција на ДУИ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески