Движење ЗНАМ за Наша Македонија: Дезориентираната Левица продолжува со лаги и клевети

Од:

Повторно сме сведоци на евтини и очајнички напади од страна на Левица, која со својата токсична реторика, без никаква визија и идеи, се обидува да оцрни сè што не може да достигне.

Наместо да понуди конкретни решенија за граѓаните, Левица продолжува да клевети и да шири дезинформации за градоначалникот Максим Димитриевски и Движењето ЗНАМ – политичка сила која секојдневно ја добива довербата на народот преку реална, чесна и одговорна работа на терен.

Левица, партија заглавена во ретрограден култ кон тоталитаризам и политичка безначајност, партија која со години е заглавена во идеолошка магла и политичка безначајност, водена и воодушевена од политичката мисија и визија на Енвер Хоџа, уште живее во илузии од минати векови. Наместо да гледаат кон иднината, тие се инспирираат од најмрачните страници на балканската историја. И не може да се помири со фактот дека Движењето ЗНАМ стана автентичен глас на граѓаните. И затоа не напаѓаат. Но залудно. Народот препознава кој работи, кој носи резултати и кој е вистински со него.

Да бидеме прецизни:

🔹 Средствата од унгарскиот кредит се доделуваат по транспарентна, јасна и законска процедура, преку јавен повик спроведен од надлежните институции.

🔹 Во првата фаза од тој повик, Општина Куманово доби средства за реализација на три проекти, избрани како приоритетни од самите граѓани на општината. Овие средства се добиени поради докажан капацитет и успешна реализација на капитални инвестиции, а не поради каква било политичка привилегија или „награда“ и тоа за три капитални проекти кои се во напредна или завршна фаза: 1.Индустриска зона Новини – Речица Изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација, како и внатрешни сообраќајници со осветлување. Проект кој отвора простор за странски инвестиции и нови работни места за локалното население. 2.Улица Бајрам Шабани – атмосферска канализација Проект кој конечно решава децениски проблем на жителите. Работите се 80% завршени, соочени со непредвидени услови на терен, но инвестицијата е во завршна фаза. 3.Гасификација – улица Видое Смилевски Бато Изградба на секундарна гасоводна мрежа до село Доброшане – решение кое носи поевтина енергија и економски развој во мини индустриската зона. Се чека согласност од ЈПДП и СВР Куманово, бидејќи трасата минува по регионален пат.

🔹 Втората фаза од јавниот повик сè уште не е завршена, ниту се објавени конечните суми и проекти за сите општини. Оттука, тврдењето дека „Куманово добило најмногу“ е лажна и тенденциозна конструкција – типичен пример за политичка манипулација од страна на Левица. Да бидеме јасни: Движењето ЗНАМ работи и делува институционално, испорачува одговорно и исклучиво за интересите на граѓаните. Ние сме гласот на чесноста, независноста и конкретната работа. Левица нема програма, нема поддршка, нема визија. Па затоа единствено што знаат е – да напаѓаат и клеветат. Но Македонија има потреба од работа, не од идеолошки драмолетки. Затоа Движењето ЗНАМ останува на страната на граѓаните со чиста совест, со реални проекти и со чесна кауза – Македонија каква што ја заслужуваме, наведуваат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Левица: Болните од хемофилија пола година без лекови заради празници и тендери

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар