Движење БЕСА: Да се утврди кривична одговорност за поплавите во Скопје

Од:

По големите поплави во Скопје, по кои останаа мртви повеќе од 20 лица, Движењето БЕСА изразува вознемиреност затоа што вината за овие поплави му се препишува на Господ. Колку и каде паѓа дожд, тоа не е во човечки раце, но како се менаџираат врнежите, секако е должност на луѓето и на властите во земјата.

Заради ова, особено кога имаше неколку предупредувања дека ова може да се случи во тој регион, ова е доволна индикација за Јавниот обвинител на Република Македонија, да покрене истрага за идентификување на кривичната одговорност на правните лица, кои со својата пасивност дозволиле една ваква непогода. Од градоначалниците на Арачиново и Гази Баба, градоначалникот на Град Скопје (кој претходно бил и градоначалник на Гази Баба), до министерот за Животна средина и просторно планирање, па и понатаму до актуелниот премиер, како и сега фактичкиот а бивш премиер, има неколку референтни лица кои треба да сносат кривична одговорност за оваа катастрофа, посочуваат од Беса.

Второ, од политички аспект, се очекува градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, градоначалникот на општина Арачиново, Брахим Ајвази, и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, да приложат оставки во знак на политичка и морална одговорност, бидејќи не успеале да менаџираат со соодветната инфраструктура.

Како трето, исто така од политички и морален аспект, треба да даде оставка и министерот за Животна средина и просторно планирање, Башким Ахмети, бидејќи тој го покрива ресорот за превенција на ваквите катастрофи. Нормално би било политичка одговорност да сноси и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој десетина пати собрал гласови низ тој
регион, притоа ветувајќи канализации и водоводи, а никогаш не ги исполнил таквите ветувања.

На крај, Движењето БЕСА ги смета непристојни театралните сцени во кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ престојува во посета на Хасанбег, придружуван од своите активисти од ДУИ, додека тие заедно веќе десет години гласале буџети скоро милијарда евра за проектот „Скопје 2014“ и во ниеден буџет не издвоиле средства за превенција на оваа катастрофа.

Инаку, за да се спречи некоја наредна катастрофа, во која државните власти повторно би продавале демагогија и би се сликале, ја повикуваме Владата не Република Македонија на својата следна седница да издвои неопходни средства, на крајот на краиштата да поништи некој мајмунски кафез или некој коњ од скопскиот плоштад, и тие средства да се алоцираат за целосно регулирање на инфраструктурата на поплавените населби, велат од Беса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец