Двесте набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР го следат референдумскиот процес

Од:

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР денеска има околу 100 тимови по двајца набљудувачи распоредени на гласачки места низ државата кои ќе информираат за гласањето на референдумот.

Шефот на Мисијата Јан Петерсен рече дека набљудувачите се на гласачките места пред почетокот на гласањето и ќе бидат таму во текот на денот.

– Ние само набљудуваме, не се мешаме на никаков начин, не даваме коментари, нема да даваме проценки пред нашата прес-конференција закажана за утре. Имаме 100 тимови по двајца, значи имаме 200 луѓе денеска. Имаме 10 тима на долгорочни набљудувачи кои се тука веќе повеќе од еден месец, но тоа е другиот процес на референдумот – администрација, законодавство, кампањата, ситуацијата со медиумите, но за денешниот ден имаме 100 тима, изјави Петерсен, кој набљудува на гласачко место во гимназијата „Јосип Броз“ во Скопје.

Рече и дека барале 250 набљудувачи од другите земји учеснички, но тој број зависел од средстава на тие земји.

– Тие одлучија да не поддржат со помал број. Но, ве уверувам дека 100 тимови е адекватен број за да ги обзебедат потребните статистички материјали за нашите заклучоци кои ќе ги презентираме утре, додаде Петерсен.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата

Референдум во Република Српска на 25 октомври