А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Седми случај на Западен Нил во Македонија

by А1он18/10/2012 - 10:0018/10/2012 - 10:19242
Share0

Лекарите на Клиниката за инфектологија регистриралее уште еден лабораториски потврден случај на инфекција со вирусот на Западен Нил, кај дете на двегодишна возраст.

Добивај вести на вибер

До вчера, во Македонија се пријавени седум случаи на лабораториски потврдени инфекции со вирусот на Западен Нил, а тројца граѓани починале, информираше МИА.

Двете починати лица се на возраст 53 и 83 години и имале други хронични заболувања во својата медицинска историја, а едното е 2,5 годишно дете, без претходен коморбидитет. Освен едно заболено лице кое има историја на повеќе еднодневни патувања во соседна Грција, останатите не дале податок за патување/престој надвор од Македонија во критичниот период на заразување.

Сите пријавени случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил се лабораториски докажани во вирусолошката лабораторија при ИЈЗ – Скопје.

Западно Нилската треска е заболување кое не подлежи на задолжително пријавување согласно законската регулатива во Македонија, но согласно одредбите на Меѓународниот Здравствен Правилник, за појавата на случај на заболување на Западно Нилска треска, поради сериозните последици по јавното здравје и можноста за меѓународно ширење на заболувањето, редовно се известува СЗО како и Европскиот Центар за Контрола и Превенција на Болестите.

bakterijaviruszdravstvo

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 10:31

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен