„Две за 100“ – налепници НМК се продаваат на интернет и во скопски Чаир, цвета бизнисот

Од:

Налепници со „NМК“  по цена од 50 денари за парче или „Две за 100“ и за предната и за задната регистрација, нелегално се продаваат на интернет.

Неколку огласи веќе се појавија и низ социјалните мрежи. А според некои информации и во продавници во скопски Чаир, можело да се набават за слична цена.

Граѓаните кој не сакаат да чекаат на ред во техничките прегледи за да добијат налепница добија начин како лесно да стасаат до неа.

Откако се објави дека сите возила мора да имаат налепница НМК, во станиците за техничките прегледи се создадоа гужви. Таму налепниците се бесплатни, но сепак мора да се мине процедура.

Да се пополни барање, а потоа налепницата на возилото мора да ја залепи вработен во станицата за технички преглед. Ова создаде гужва и на првиот ден откако се објави мерката, низ техничките прегледи низ градот се чекаше и по час.

Гужвите се намалија до крајот на денот, но не поради брзата реакција туку поради фактот што снема налепници.

Според последните информации, налепници има во сите технички прегледи сега, но процедурата останува иста.

 

 

Би можело да ве интересира

АСО: Владата да ги намали цените на полисите за регистрација, потегот на осигурителните компании е неоправдан

A1on

Осигурителните компании имаат рок до вечер да ги вратат старите цени на полисите

A1on

Осигурувањето за регистрација сепак поскапува: Премијата останува иста, повисоки се трошоците на осигурителните компании

A1on

Неоправдано е поскапувањето на регистрацијата на возила: Полисите поскапи за 15 отсто

A1on

Налепниците НМК се одлепуваат – може да земете нови бесплатно, а ако ви се оштетат во странство на милост сте на граничарот

Анита Петровска Рајковиќ

Гужви за налепници со НМК: Во дел од станиците за технички преглед се веќе потрошени, некои не добиле

A1on