Две тинејџерски од Штип прегазени на пешачки пред училиште

Од:

Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години се згазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип. Несреќата се случила утринава пред 7.30 часот, каде во нив удрило возило со марка „цитроен“ со германски регистарски таблички, управувано од 28 годишен штипјанец.

Според првичните информации од СВР-Штип, едно од девојчињата се здобило со тешки телесни повреди и скршеница на карлицата. Со возило на Брзата помош, двете девојчиња се пренесни во штипската Клиничка болница, од каде што очекуваме подетални информации. Двете девојчиња се ученички во СОУ „Коле Нехтенин“, кои утринава преминувале на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ за да пристигнат до своето училиште.

Пред неколку години овој булевар пред регионалното електро-машинско училиште беше ризична сообраќајна точка. Постојано се случуваа несреќи во кои страдаа ученици и пешаци преминувајќи го булеварот, по смртниот случај на еден средношколец, општината го изгради кружниот тек и постави нов пешачки премин и сигнализација, за поголема безбедност на пешаците, бидејќи претходно возачите своите возила ги управуваа со голема брзина.

Повеќе детали околу оваа несреќа во текот на денот, најавуваат од СВР-Штип и Клиничка болница-Штип.

Би можело да ве интересира

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски