Две тепачки во центарски кафеани, учествувале вработени во угостителските објекти

Од:

Два физички напада во угостителски објекти во центарот на Скопје, во кои учествувале вработени во тие објекти, биле пријавени вчера во полиција.

„На 01.06.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(53) од Кратово пријавила дека околу 14.30 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, додека била на своето работно место, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Д.Д.“, соопшти МВР во врска со првиот случај.

Вториот инцидент се случил минатата недела, а вчера го пријавил 19-годишен жител на главниот град.

„На 01.06.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје, Е.Х.(19) од Скопје пријавил дека на 28.05.2021 околу 20.40 часот во угостителски објект на плоштад на подрачје на Центар, додека бил на своето работно место, по претходно недоразбирање, физички бил нападнат од едно лице“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тепачка меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата во турскиот Парламент

Горан Наумовски

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски