А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Две текстилни работнички во Штип заразени со Ковид-19, градоначалникот повикува да се почитуваат мерките

by А1он25/05/2020 - 16:03569
Share0

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска по објавувањето на трите нови слуачаи на заразени со коронавирус, во изминатите два дена истакна дека граѓаните треба да бидат внимателни и понатаму и да ги почитуваат мерките, а олабавувањето на мерките не треба да значи и олабавување на граѓаните да не ги почитиваат мерките за да се заштитат од овој вирус.

Добивај вести на вибер

-Токму затоа и апелирам до граѓаните да бидат крајно внимателни со држење на социјална дистанца, со носење на заштитна опрема, често миење на рацете, а секако сопствениците на текстилните фабрики да продолжат со дезинфекција на погоните, дезинфекција на автобусите, со кои се превезуваат граѓаните, вели Бочварски.

Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип вели дека до нив се пристигнати информации и загриженост од страна на работниците, бидејќи двете текстилни работнички кои се од иста конфекција се превезувале со автобус во кој имало работнички од други две конфекции. Ампева забележа дека денеска имала разговор со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на кој му препорача веднаш да се преземат сет мерки, со цел да се заштитат останатите работници и нивните семејства.

-Знам дека тие фирми немаат дадено годишен одмор и може да се даде, кој секако треба да се даде до 30 јуни оваа година, значи збориме за ланскиот годишен одмор, да се направат подоцна тестирање на сите нив и да продолжиме најнормално пред овие случувања. Она што беше кажано како совет од нас на градоначалникот е да ја преземеме ситуацијата во свои раце, додека уште можеме, вели Ампева.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Ирина Бухова вели дека денеска епидемиолозите прават широка епидемиолошка анкета на контактите на текстилните работнички и во автобусот и во конфекцијата, откако ќе ги имаат анализите ќе знаат и какви мерки ќе се преземат на терен. Епидемиолозите треба да утврдат кои конткати се од висок и среден ризик, кои веднаш треба да се изолираат. Бухова вели дека се утврдува и дали текстилните работнички имаат поврзаност со таксистот, неговата сопруга и лекарот од приватната здравствена установа или пак станува збор за сосема два различни кластери. Откако ќе се направи анализита, Општинскиот кризен штаб ќе се состане за да се утврди дали се потребни или не нови мерки.

koronavirus mkdstip

Би можело да ве интересира

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:1708/12/2025 - 15:07

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски03/12/2025 - 13:5703/12/2025 - 13:58

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Катерина Ѓуровски27/11/2025 - 13:12

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Горан Наумовски26/11/2025 - 13:13

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

Катерина Ѓуровски20/11/2025 - 12:47

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен