Две прослави за годишнината на ДУИ

Од:

дваесети првата годишнина од формирањето на Демократската инија за интеграција ќе биде денеска одбележана со две прослави. Раководството на партијата со лидерот Али Хамети организира панел-дискусија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На панел-дебатата на тема „Европски фронт”, меѓу останатите, ќе се обратат и самиот Ахмети, поранешнта министерка за одбрана Радмила Шекеринска, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, ексградоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и други.

„По дебатата, во 14:00 часот, исто така во хотел ‘Александар Палас’, г-дин Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на пригоден коктел по повод 21. роденден на ДУИ“,

Истовремено, Фракцијата на ДУИ со настан во Центарот за култура во Тетово ќе го одбележи роденденот на партијата.

Огнената група пред два месеца објави дека ќе функционира како фракција во ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата