А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Уште две лаборатории за тестови од Ковид-19, ќе се намали периодот на чекање резултати

by Мери Јордановска13/04/2020 - 14:5313/04/2020 - 15:43682
Share0

Лабораторијата во МАНУ и лабораторијата на Институтот за судска медицина се ставаат во функција за тестирање односно за обработка на брисевите земени за коронавирусот, со што на дневна база ќе можат да се прават дополнителни 50-100 тестови, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Добивај вести на вибер

„Таму сега се прави стручен надзор од страна Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство. Со ставање во функција на двете лаборатории практично ќе се елиминира долгото чекање резултати, бидејќи има голем број брисеви во Институтот за јавно здравје“, изјави министерот за здравство.

Досега, голем број граѓани реагираа дека долго време чекаат за да им се закаже термин за тестирање, а дека уште подолго се чекаат резултатите, со оглед на тоа што само лабораторијата во Институтот за јавно здравје ги обработуваше брисевите.

„Тоа што сега се обидуваме со двете лаборатории особено со таа во МАНУ, е практично во еден ден да се добиваат сите резултати од сите болници надвор од Скопје со систем на транспорт. Во таа смисла ќе се транспортираат материјалите на сите пациенти кои што се собрани во текот на претходниот ден и утрото ќе се испратат во лабораторијата за да може во една или најмногу во две тури да се изработат резултатите. Според информациите  што ги собравме утрово, а согласно просечниот број што го имаат болниците каде доаѓаат пациентите за дијагноза во Прилеп, Битола итн. сметаме дека овој капацитет од 50 на 100 на ден е доволен“, рече Филипче.

Во моментов се прави рече и реорганизација на лабораторијата во МАНУ, која не е дизајнирана за ваков вид дијагноза, а очекува до среда најдоцна четврток овој систем да биде подготвен, односно чекањето на резултатите да се сведе на 24 часа.

 

koronavirus mkdvenko filipce

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

Горан Наумовски08/04/2026 - 13:17

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Горан Наумовски04/04/2026 - 13:51

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Горан Наумовски01/04/2026 - 13:53

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он28/03/2026 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто