Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид

Од:

Денеска било пријавено дека на крстосницата од ул.„Асном“ со ул.„Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „ауди“ управувано од К.М.(24) од Охрид и мопед „априлија“, управуван од Д.В.(18) од Охрид, кој после тоа удрил во паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени