Две гранати најдени при ископ на темели во долнореканското село Велебрдо

Од:

Две гранати најверојатно од Втората светска војна се пронајдени при ископ на темели во долнореканското село Велебрдо.

Триесет и двегодишен жител на Велебрдо, општина Маврово-Ростуше пријавил во полиција дека при ископ на темели за куќа наишол на непознато експлозивно тело, информираат од СВР Тетово.

Непосредно по пријавата, на самото место во Долно Маало, каде што се вршел ископот, дошле полициска и екипа на Дирекцијата за заштита и спасување. При вадењето на екплозивното тело, се укажала уште едно по што безбедено се отстранети.

Според првичните сознанија, станува збор за две убоити кумулативни гранати од италијанско производство. Според нагризаноста најверојатно потекнуваат од периодот на Втората светска војна.

По извршениот увид и документирање, екипа на Дирекција за заштита и спасување ги подигнала експлозивните тела и ги префрлила на безбедно место.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот