Две години од убиството на Мартин Нешкоски

Од:

Двегодишнината од смртта на Мартин Нешкоски, момчето кое беше претепано до смрт од страна на специјалец на МВР. Движењето „Стоп на полициската бруталност“ денеска ќе одржи протестен марш по скопските улици.

Како што информираат од таму,  во 11 часот на плоштадот Македонија, местото каде беше убиено момчето, ќе бидат запалени свеќи.

Оваа граѓанско движење постои две години, а беше формирано во јуни 2011 година, ден после убиството на младото момче, од страна на припадник на полициските специјалци „тигар“. Убиството се случи за време на прославата по повод победата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори. Утре „Стоп на полициска бруталност“ преку маршот сакаат да потсетат на кобниот 6. јуни 2011 година.

„По две години, веќе се помиривме со нечовечноста на чиновниците на репресивниот систем како Гордана Јанкуловска и Иво Котевски, кои продолжуваат со градењето на нивните професионални и политички кариери без трошка грижа на совест за нивниот обид да ја излажат јавноста, но никогаш нема да се помириме со постоењето на полициски единици кои се неотчетни кон граѓаните и кои се постојана закана за нашата лична безбедност“ се вели во дописот на движењето „Стоп на полициската бруталност“ .

Оттаму велат дека сè уште стојат на нивните барања за надворешна контрола над припадниците на МВР, за темелна реформа на специјалните единици и за хуманизација на професијата полицаец, преку ангажирање на полицајците во општествено корисна работа.

За убиството на Нешкоски, припадникот на специјалната единица „тигри“ Игор Спасов од Штип беше осуден на казна затвор во траење од 14 години. Судењето траеше неколку месеци, а за време на целиот судски процес Спасов го негираше убиството.

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

Спасовски: Да одговорат обвинителот и судијата врз кои проценки е дозволено Спасов да ја прекине затворската казна

Ана Ололовска

Игор Спасов, убиецот на Нешкоски, избегал во Турција?

Мери Јордановска

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Заев: Очекувам истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Ана Ололовска