Две години некој им ги снимал фиксните телефони на обвинителите

Од:

Републичкиот јавен обвинител на брифинг со новинарите откри дека Основното јавно обвинителство води предистражна постапка за телефонската централа во зградата на обвинителството.

Станува збор за два хард диска на кои биле снимани сите влезни или излезни телефонски разговори во зградата.

Разговорите се од 30 септември 2016 година до денеска.

Предистражната постапка треба да утврди дали било прислушувано и Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Треба да се утврди дали некој имал пристап до податоците, дали ги изнесувал, бришел и слично.

Државниот обвинител Љубомир Јовески рече дека се испитува извесен период дали тоа го правело лице или лица од Обвинителството или од надвор.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Еден од осомничените за убиството во „Шиша бар“ излезе од притвор: Определени се мерки за претпазливост

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Акција „Синџир“: 28 фирми переле пари и затајувале данок – испрале над седум милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Рустеми: Ќе го разрешам надзорот на „Бехтел и Енка“ ако рече обвинителството, иако изборот е законски

Пропадна аферата „Делчевски ниви“ – нема обвинение за добиени ниви на поклон, а продадени за милиони на ЕВН

Анита Петровска Рајковиќ