На 3 мај пред две години почна со работа порталот А1он, кој се појави на интернет просторот по ситуацијата со затворени врати на повеќето медиуми за новинарите од А1 телевизија.
А1он беше само еден од порталите кои го најдоа својот пат како да продолжат да функционираат со новинари кои не беа пожелни за многу редакции.
По две години работа, А1он може да се пофали со поголема публика и од некои национални телевизии, а далеку е поголема читаноста од интернет страните на речиси сите телевизии, освен од една.