На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани информираат од Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а втора доза примиле 697.847 граѓани.
Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.