Дванаесет вработени во струмичката болница позитивни на Ковид-19

Од:

Девет лекари и медицински сестри и тројца техничари од Општата болница во Струмица во моментов се во изолација откако било потврдено дека се позитивни на коронавирусот. Поради тоа, неизвесно е кога ќе биде отворен дополнителниот оддел за прием на ковид-пациенти во новото болничко крило.

Ова го соопшти директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, кој информира дека дел од заболениот медицински персонал имаат полесна клиничка слика, а дел се асимптоматски.

-Тоа ни го отежнува и вкупното работење на болницата, а почнувањето со работа на новиот оддел ќе зависи од расположивиот персонал. Треба да ни дозволат да направиме прием на персонал, сестри и лекари, за да може некој да работи таму, рече директорот Гогов.

Во Струмичката болница во моментов се лекуваат 100 пациенти, од кои 45 се хоспитализирани, а останатите 55 се лекуваат со примање терапија во дневната болница.

Според вчерашните податоци, во струмичкиот регион има 586 активни случаи на Ковид-19 дијагностицирани, а завчера беа регистрирани шест смртни случаи во едно деноноќие.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите