Двајцата хоспитализирани пукале еден во друг, обвинителот утврдува одговорност за вчерашните инциденти

Од:

Двете лица кои вчера пукале еден во друг се во болница, а обвинителот утврдува дали и некое од другите две лица употребило пиштол во вчерашната престрелка. Засега се издадени само наредби за вештачење на повеќе предмети, меѓу кои куршумите и пиштолите. Бидејќи не е утврдена одговорност, обвинителот не може да побара притвор. Затоа, двете други лица кои учествувале во вчерашните инциденти се на слобода по информативниот разговор во полициска станица.

„По насоки на јавниот обвинител, вчера беше извршен увид на повеќе локации во Скопје поврзани со инцидентот. Дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби за вештачење на траги, а се вршат и информативни разговори со повеќе лица со цел да се утврдат фактите во предметот и кривичната одговорност“, велат од Обвинителството за „А1он“.

По вештачењата, ќе се утврди и што точно се случувало пред Градската болница. Засега е познато дека еден од повредените е во тешка здравствена состојба, додека другиот е вон животна опасност. Двајцата се хоспитализирани во болница.

На настаните пред Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ му претходел вооружен инцидент во скопското село Љубош. Во пукањето учествувале четири лица, кои биле со две возила.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ