Двајца загинати, тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Од:

Две лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа во близина на каменоломот на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Од МВР го потврдија случајот.

„ Денеска во 7 часот и 10 минути е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи) се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.“ велат од МВР.

Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош.

Поради сообраќајката беше затворен и сообраќајот утринава на овој патен правец. Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото, по што сообраќајот е нормализиран.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ