Двајца угостители од Струга не ги почитувале мерките за спречување на Ковид-19

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог против 2 физички лица и 2 правни лица од Лабуништа за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Физичките лица, во својство на управители на обвинетите правни лица, не постапиле согласно одлуките и мерките донесени за спречување на ширењето на заразна болест, па и покрај донесената забрана, вршеле угостителска дејност во деловни објекти – пицерии, слаткарници и бурекџилници во Лабуништа. При извршена контрола од Државниот пазарен инспекторат – Струга било утврдено дека угостителските објекти работат, а на масите имало гости.

Надлежниот јавен обвинител предложи парична казна од 100 дневни глоби од по 30 евра за физичките лица, како и казна од 100 дневни глоби од по 50 евра за секое од правните лица.

Освен ова, Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против 10 лица кои не го почитувале полицискиот час.

Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Двајца од нив издржувале казна во затворот во Струга, a за време на полицискиот час биле затекнати како се движат во близина на затворот од каде биле избегани.

Ценејќи ги околностите во секој предмет поединечно, надлежен јавен обвинител за 8 обвинети предложи парична казна од 100 дневни глоби со висината на една дневна глоба од 30 евра, за едно лице – 100 дневни глоби од по 20 евра и за едно лице – парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневна глоба од 10 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски