Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Од:

Полициски службеници од СВР Битола, утрово во два часот на улицата „Македонска фаланга“ во Битола, го уапсиле П.Д.( 67) со престој во селото Жабени, битолско.

Од Секторот за односи со јавност посочуваат дека при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „мицубиши“ управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.

Исто така, синоќа во 20.30 часот во селото Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го уашсиле М.М. (51) од Битола кој управувал возило „сеат“ и кај него е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта.

– Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски