Двајца кумановци шверцувале мигранти од Куба

Од:

Денеска (31.10.2022) во 11.40 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода М.Б.(26) и С.М.(28), двајцата од с.Сопот.

При преглед во возило „фолксваген голф “ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени четири лица мигранти од Куба, од кои еден малолетник. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија