По прекин на проба за претстава, еден актер приведен во полициска станица

Од:

Едно лице вчера (12 ноември) било приведно во полициската станица Гостивар, откако одбило да ја напушти просторијата каде се одвивале подготовки за театарска претстава.

Според СВР Тетово вчера попладне, по претходна поплака пријавена од В.В.(42) од Гостивар против А.Х.(40) од Гостивар и Б.С.(39) од гостиварско Дебреше дека ги попречувале активностите на Гостиварскиот театар, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар дошле на местото и побарале од двајцата пријавени да ја напуштат просторијата.

Меѓутоа, А.Х. одбил да го стори тоа и набрзо тој е приведен во Полициската станица Гостивар.

Случајот целосно е расчистен и против А.Х. изготвен е соодветен поднесок за прекршок.

Двајца актери вчера попладне биле приведени во полициска станица Гостивар по пријава дека ги попречувале активностите на Гостиварскиот театар.

Актерите Берат Салији и Арѓент Хасани денес дадоа појаснување за вчерашниот настан и бараат одговори и реакции на надлежните иснтитуции.

– Ние бевме дојдени на проба со останатите актери, но бевме изнесени со лисици на рацете од театарот. Наводно сме ја попречувале работата. Нејасна е реакцијата на директорот Висар Вишка, бидејќи ние баравме и уште бараме образложение зошто сме отстранети од претставата која почна да се подготвува април годинава. Ние ќе си ги бараме правата и да се вратиме во актерската екипа, вели Арѓент Хасани.

Неговиот колега Берат Салији, кој претходно беше назначен за директор на гостиварскиот театар, смета дека ваквите постапки имаат политичка заднина и мотиви кои немаат врска со културата и театарот.

– Бев ангажиран од самиот почеток на подготвките на претствата „Натан мудриот“, а по мојата смена како директор, бев отстранет и од претставата на нејасен начин. Наводно не сме ги почитувале дисциплината и режисерските насоки. Но, повеќе од јасно е дека мотивите за оваа „игра“ се политички мотивирани, вели Салији.

Вршителот на должноста директор на Гостиварскиот театар, Висар Вишка за МИА потврди дека тој ја повикал полицијата, бидејќи бил нарушен работниот процес.

– Бев принуден на таков чекор и како одговорен за редот, морав да побарам помош од полицијата. Тие и претходно попречија проба, но успеавме некако да се разбереме. Суштината на целата работа е што тие двајца актери и претходно побараа да се смени режисерот Сулејман Рушити. Тоа е нелогично. А, за да продолжиме со работата и обврските, решивме да најдеме нивна замена. Тие се отстранети бидејќи не ја почитуваа дисциплината и не доѓаа на проби, изјави Висар Вишка.

Актерите кои се отстранети од претставата најавуваат уште реакции и како што рекоа правдата ќеја бараат по институционален пат.

Гостиварскиот театар беше формиран на почетокот на годината со владина одлука. Во него треба да работат 30тина професионални актери и технички персонал. На почетокот на септември, дојде до смена на раководното место. Според програмата, оваа година требаше да бидат поставени три претстави, но досега не е одиграна ниту една. Поголемиот дел од вработувањата веќе се реализирани и се работи на обезбедување просторни услови во Ценатрот за култура АСНОМ Гостивар.

Би можело да ве интересира

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

Се расправале за поправка на автомобил, механичарот пукал во муштеријата

Катерина Ѓуровски

Турчин пронајден мртов во хотел во Охрид

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Застрелал човек со кој бил на лов: кривична пријава за убиство од небрежност