Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Од:

На 22 и 23 август, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од 40-годишниот С.Р. од село Мојанци, општина Арачиново и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Б.З. од Тетово било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, соопшти МВР.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари