Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Од:

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси, по што посочи дека боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Дурловски објасни дека тоа што го зборувал, не може да го направи.

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотелја боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата ‘За обнова на Македонија’ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас“, напиша Дурловски.

Инаку, Дурловски беше носител на листа во изборната единица пет, од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата во реакција на неговата објава, вели дека „тоа е личен став на Игор Дурловски, којшто ние го почитуваме“.

„Како што и Дурловски сам кажува, тој останува верен на Македонија, но и на Коалицијата За обнова на Македонија и на ВМРО- ДПМНЕ. Меѓу другото, Дурловски останува и стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов