Дурловски: Ја носам тежината на минатото, но ја гледам светлината на иднината

Од:

„Горд сум зошто ја носам тежината на минатото, но пред мене ја гледам светлината на иднината!“.

Вака Игор Дурловски, носителот на петтата изборна единица го почна својот говор на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ каде што се претставуваат кандидатите за пратеници.

„Македонија е да не ги заборавиме неправедно осудените. Македонија е да се бориме достоинствено и со крената глава за неа.Македонија е да ја држиме вистинската страна, страната на победниците, страната на вистината. Македонија е да не ги заборавиме идеалите на нашите претци. Македонија е да не ја загрозуваме иднината на нашите деца“, рече Дурловски.

Тој пред присутните вети дека од него ќе добијат „искрена борба, мотивација, работа, знаење и победа“.

„Се борам и ќе се борам со сета сила да се врати достоинството на македонецот после сите национални понижувања кои ги доживеавме заедно. Да го обновиме системот кој свесно и во континуитет е рушен, да ги поддржиме најдобрите да водат и да го употребат сето свое знаење, мотивација, храброст. Свесно со политички средства ќе им ја покажеме нашата сила и мудрост“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?