ВИДЕО: Дури 36 отсто од момчињата со хомосексуална определба размислувале за самоубиство поради малтретирање од соученици

Од:

Образовниот систем е трул и не ги подготвува децата да живеат во општество на еднаквост и толеранција, децидни се од Хелсиншкиот комитет за човекови права што денеска го одржува маршот на толеранцијата под мотото Едукација без дискриминација.

„Нашите истражувања покажуваат дека насилството меѓу учениците е големо и постои голема нетолеранција на различностите. Ова се однесува на меѓуетничка толеранција, родови разлики и сексуална определба“, вели Уранија Пировска.

Според нив и натаму доминира размислувањето дека жените имаат улога на домаќинки а мажите треба да имаат поголем авторитет. Исто така големи се навредите врз истополово ориентираните, па така 36 отсто од овие момчиња размислувале за самоубиство.

Од организациите апелираат итно да се коригираат застарените наставни содржини и децата да се учат на толеранција и прифаќање на разликите.

Би можело да ве интересира

Повикувал на насилство и омраза кон припадниците на ЛГБТ заедницата, скопајнец доби условна казна

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on

Обвинение за скопјанец кој тепал и малтретирал момче поради неговата сексуална ориентација