Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција

Од:

Преку Регистарот на вистински сопственици се откриени сопствеништва во фирми на политички експонирани лица (градоначалници и министри), кои не им се пријавени во изјавите за интереси доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо.

41 од анализираните 360 поранешни и сегашни функционери, се јавуваат како вистински сопственици во некоја фирма; 23 од овие функционери целосно или делумно ги сокриле своите удели во фирми кога доставувале изјава за интереси до ДКСК.

Разликите во податоците за бизнис-интересите на функционерите укажуваат на отсуство на соодветна проверка и верификација на точноста на податоците и во Регистарот на вистински сопственици, и во изјавите за интереси што избраните и именуваните лица ги доставуваат до ДКСК.

Фирми во сопственост на градоначалници и поранешни министри добивале договори за јавни набавки, концесии и лиценци доделени од државни институции.

На граѓаните, новинарите и граѓанските организации им е оневозможено активно да учествуваат во откривање на евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ од страна на носителите на функции. Регистарот на вистински сопственици не е јавно отворен и за информациите во него се плаќа, а податоците за бизнис-интересите на функционерите во јавно достапниот електронски систем на ДКСК се нецелосни.

Во изјавите за интереси до ДКСК функционерите пријавуваат податоци само за најтесното семејство со кое живеат под ист покрив, а изјавите доставени до ДКСК до крајот на 2023 година ги има само во хартија и не се достапни на специјализираниот веб-портал, итн.

Во услови кога за информациите за сопствеништво треба да се плати, а изјавите за интереси во голем број случаи не се сеопфатни и точни, се олеснува криењето на сопствениците на фирмите, наместо јавно поврзување и објавување на фирмите кои добиле тендери и концесии со нивните сопственици.

Би можело да ве интересира

Оставката на Димитровска не е морален чин туку резултат на јавен притисок – целиот состав на ДКСК треба да си замине, реагира Левица

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Антикорупциска

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ