Дука: Автопатот „Патот на Арбр“ е можност за економски просперитет на поширокиот регион

Од:

Изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (патот на Арбр), кој вчера беше пуштен за сообраќај, а ги поврзува Албанија и Северна Македонија, кај Дебар, е од огромно значење за економски процут на поширокиот регион од двете страни на границата, оцени за МИА, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Тој заедно со делегација на Општината, по покана на префектот на околијата Пешкопеја, Неџбедин Шеху, присуствуваше на пуштањето за сообраќај на автопатот, при што остварил средба и со албанскиот премиер Еди Рама.

-Имавме куса, но многу срдечна средба со премиерот Рама. Заедничка оценка е дека ова е историски момент за Пешкопеја и Дебар, долгогодишен сон кој стана реалност. Се согласивме дека овој автопат е од големо значење не само за граѓаните од Дебар и Пешкопеја, туку и за сите граѓани на двете земји, но и пошироко. Очекуваме заживување на овој дел, што ќе го овозможи поголемата фреквенција на возила и патници, додава Дука.

Најавува дека работите ќе продолжат од Дебар во правец кон Кичево, поточно изградба на патот Дебар – Бошков Мост – Извор, по што продолжува во коридорот 8.

Со изградбата на автопатот многу побрзо ќе се стигнува на многу дестинации во Албанија, Тирана, Драч, како познатите туристички места, Шенѓин, Велипоја, каде што главно летниот одмор го минуваат голем број македонски граѓани.

-Поради подобрата патна инфраструктура исто така низ нашиот град ќе минуваат и многу возила кои вршат транспорт на разна стока. Тоа значи поголемо присуство на луѓе од што ќе има полза и локалниот мал бизнис, трговските, угостителските и други бизниси, вели Дука.

Оддалеченоста од преминот „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар до Тирана се намалува за над 100 километри и ќе изнесува 72 километри.

По автопатот, чија целосна изградба треба да заврши на пролет до година, ќе се минува преку обиколница кај местото Муриз, поради изградба на тунел.

Оваа делница, која минува низ планински предели, има шест тунели, од нив пет се изградени и четири моста, едниот од нив, кај селото Фшат, со 158 метри е највисок на Балканот.

Би можело да ве интересира

Во Дебар по еден месец регистриран нов ковид случај

А1он

Владата даде согласност за нови имиња на улиците, плоштадите, населбите и мостовите во Дебар

Ана Ололовска

Повредените од сообраќајка во Дебар во стабилна здравствена состојба

Дебрани сакале побрзо да возат вон населено место, санкционирани 13 возачи

А1он

Укината забраната за сообраќај за камиони на патот Гостивар – крак Маврово – Дебар

А1он

ВИДЕО: Рама пречекан со тапани на пуштањето во употреба на „Патот на Арбр“ кој ги поврзува албанска Пешкопеја со Дебар

А1он