ДУИ: Злото што ја попречува иднината на Чаир ќе биде отстрането

Од:

Општина Чаир, со само три квадратни километри, но дом на над 60.000 граѓани, се претвори во симбол на урбан криминал и институционална злоупотреба, велат од ДУИ.

„Со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило беа уништени за да му се отстапи место на нелегални и корумпирани градби. Оваа општина, една од најгусто населените во Европа, стана една од најзагадените и најнеливите општини во државата. Последните откритија за стотици згради изградени со фалсификувани документи, јавно обелоденети, ја откриваат вистинската димензија на скандалот и реалната опасност што му се заканува на животот на жителите.

Ова е срамен крај на еден мандат обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца. Но надежта доаѓа. За само неколку месеци, ова зло што ја попречуваше иднината на Чаир ќе биде отстрането, и ќе се отвори ново поглавје исполнето со достоинство, зеленило и надеж за сите наши граѓани“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата